ОН користеа санкционирана сириска авиокомпанија за транспорт на помош до Либија

пред 3 години

Обединетите Нации користеле сириска авиокомпанија санкционирана од САД- обвинета за пренесување борци и оружје во име на Башар ал-Асад и Калифа Хафтар- за транспорт на помош до Либија, пренесува „Мидл Ист ај“.

Фотографиите објавени на Твитер од Светската здравствена организација покажаа дека официјалните лица растовараат хуманитарна помош од авионот на „Шам вингс“ на меѓународниот аеродром „Бенина“ во Бенгази.

„Заради ситуацијата на теренот, опциите за авионска испорака на товар во Либија се минимални“, се вели во соопштението.

Во 2016 година, Министерството за финансии на САД воведе санкции за „Чам вингс“ за соработка со владата на Сирија за транспорт на милитанти кои ќе се борат за сирискиот режим и му помагала на Сириското воено разузнавање (СМИ) да пренесува оружје и опрема за сирискиот режим.

Министерството за финансии соопшти дека авиокомпанијата дејствувала во име на силите Кудс, единица на ИРГЦ која одигра голема улога во поддршката на Асад во сириската граѓанска војна.

„Летот на „Шам вингс“ од Дамаск до Дубаи беше една од главните рути што СМИ ги користеше за перење пари низ целиот регион, при што СМИ им плаќаше на сите вклучени страни за да продолжат со деловните активности со режимот на Асад“, соопшти Министерството за финансии.

Портпаролot на Светската програма за храна (WFP) изјави дека ја користеле авиокомпанијата за транспорт на 16 тони помош од ОАЕ до Либија.

„Поради ситуацијата на теренот, опциите за испорака на авионски товар во Либија се минимални, а во овој случај, медицинскиот товар на СЗО беше пренесен од авиопревозникот „Чамс вингс“ која не подлежи на санкции на ОН“, рече портпаролот.

Авиокомпанијата „Чам вингс“ со седиште во Дамаск е во мнозинска сопственост на сирискиот милијардер Рами Махлуф, братучед на Асад, кој до неодамна беше најмоќниот бизнисмен во земјата.

Иако авиокомпанијата не е санкционирана од ОН, експертскиот панел на ОН минатата година утврди дека помеѓу 1 јануари и 10 март имало најмалку 33 лета на „Шам вингс“ од Дамаск до Бенгази, кои веројатно носеле сириски платеници во спротивност со забраната за меѓународно оружје за Либија.

Share
Scroll to Top