ОН: Постојат веродостојни тврдења дека Русија користи касетни бомби

пред 2 години

Мишел Бачелет, комесарката на ОН за човекови права, денеска изјави дека има „веродостојни тврдења“ дека Русија користела касетни бомби во Украина најмалку 24 пати.

Бачелет додаде дека таквите наводи се истражуваат, исто како и наводите дека Русите насилно ги евакуираат Украинците од Мариупол во Русија.

Таа рече дека добиле 77 пријави за штета на здравствените установи за време на руската инвазија на Украина, кои се испитуваат.

Share
Scroll to Top