ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

пред 4 години

Според меѓународното право Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за човекови права во Обединетите нации.

„ Нашиот заклучок е дека Русија е одговорна за обидот да се отруе Навални“, рече на брифингот Ања Каламар, специјалниот известувач на ООН за егзекуции по скратена постапка.

Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледна шема на насочени обиди за атентат, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности поврзани со труењето на Навални, додаде експертот на ООН.

Share
Scroll to Top