ОН: Се чини дека има масовни гробници во Мариупол

пред 3 години

Шефот на тимот на ОН за човекови права во Украина изјави дека набљудувачите добиваат сè повеќе информации за масовни гробници во околниот град Мариупол во Украина, вклучително и една во која се чини дека има 200 тела.

„Имаме сè повеќе информации за масовните гробници што се таму“, рече Матилда Богнер во видео обраќање од Украина, велејќи дека некои од доказите за тоа доаѓаат од сателитски снимки.

Kaко што пренесе Ројтерс, Богнер рекла дека бројот на загинати цивили во Украина надминал 1.035, додавајќи дека тим на ОН истражува неселективни напади од двете страни во конфликтот.

Богнер, исто така, рече дека добиле информации оти Русите убиле цивили во автомобили за време на евакуацијата, како и дека има документирани случаи на присилно исчезнување на украински функционери, од кои некои се чини дека биле земени како заложници од руските сили.

Share
Scroll to Top