ОН: Украина сноси дел од вината за нападот на домот за стари лица во кој загинаа 50 лица

пред 3 години

Обединетите нации сметаат дека вооружените сили на Украина сносат голем, а можеби и еднаков дел од вината за нападот што се случи во домот за стари лица во Луганск две недели по почетокот на војната.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Имено, во извештајот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН не се заклучува дека било која страна извршила воени злосторства, но се вели дека постои загриженост поради можноста луѓето во старечкиот дом да биле користени како жив штит од страна на Украинците, со цел да се обидат да ги спречат воените операции на тоа подрачје.

Во домот за стари лица без вода и струја останаа заробени десетици постари и инвалиди пациенти. Како што пишува Асошиејтед прес, украинските власти ја префрлија вината на руските сили, обвинувајќи ги дека во нападот убиле повеќе од 50 цивили.

Најмалку 22 од 71 лице го преживеаја нападот, но точниот број на загинатите сè уште не е познат, според ОН.