„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот

ОН: Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот

пред 1 година

Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот, рече шефот на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС), барајќи пристап на хуманитарната помош до опустошената палестинска територија.

„Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа, иако прекинот на огнот обезбеди добредојден одмор“, рече Хорхе Мореира да Силва, исто така заменик генерален секретар на ОН, по посетата на Газа.

Тој повика на „траен прекин на огнот“, „итно ослободување на сите заложници“ и „брз“ и „непречен“ пристап до хуманитарна помош.

Прекинот на огнот меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас во Појасот Газа стапи на сила на 19 јануари.

Текстот ОН: Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top