Москва е задоволна со поддршка на повеќето земји на Обединетите нации што гласале на Генералното собрание за иницијативата што ја покрена Русија, a се однесува на резолуцијата за борба против нацизмот, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.
„Големата и недвосмислена порака до руската иницијатива, која ја добивме од државите посветени на борбата против величењето на нацизмот и прекројувањето на историјата, е стимулативна“, рече Захарова, пренесе ТАСС.
Таа нагласи дека, покрај иницијаторот Русија, во изготвувањето на резолуцијата учествувале 58 земји од целиот свет, а 122 земји гласале „за“.
Само САД и Украина беа против, додека 53 земји беа воздржани, вклучително и сите членки на Европската Унија.