Орбан: Заклучувањето останува на сила

пред 3 години

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во Унгарија сè уште нема услови за ублажување на мерките за заклучување поради зголемувањето на новозаразените од коронавирус.

Тој најави дека здравствените работници наскоро ќе започнат да вакцинираат бремени жени со вакцини од компаниите „Фајзер“ / „Бионтек“ и „Модерна“, пренесува „Ројтерс“.

Според него, Владата има намера за викендов да го намали дозволениот број на купувачи во продавниците, но веројатно ќе воведе подолго работно време на маркетите.

Share
Scroll to Top