Орбан: Унгарија е гласот на народот на Европа

Орбан: Унгарија е гласот на народот на Европа

пред 6 месеци

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денес Унгарија е гласот на народот на Европа и единствената земја која изразува мислење во име на Унгарците и западноевропејците, а од друга страна Западот мора да научи дека не може да живее во лаги.

„Дојде време за промени во Европа и Европејците да ги вратат европските институции“, рече Орбан на конференцијата за суверенитет во Институтот за политички студии Сазадвег, основан пред 30 години.

Орбан изјави дека во времето на основањето на таа институција бил на иста страна со американскиот финансиер Џорџ Сорос, кој исто така „поддржувал антикомунистички активности“.

„Во тоа време сè уште не беше јасно дека тој сака да биде тој што ќе владее со Централна Европа наместо комунистите и Советите“, рече премиерот.

Орбан изјавил дека тогаш не бил свесен за тоа, но дека Сорос повеќе не ги крие своите планови, пренесува „Дејли њуз Унгарија“.

„Ја урна британската фунта, ја преплавува Европа со мигранти, отворено ќе каже дека треба да се укинат националните граници и да се одземе суверенитетот на европските земји“, додаде тој.

Според него, Унгарија не може да биде суверена се додека во јавното размислување доминира „либералната хегемонија“.

Текстот Орбан: Унгарија е гласот на народот на Европа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top