Оскар Писториус, спортистот од Јужна Африка кој беше осуден за убиство на својата девојка Рива Стинкамп, ќе биде ослободен од затвор десет години по злосторството.
Писториус ја застрела и ја уби Стинкамп на Денот на вљубените во 2013 година. Високиот суд на Јужна Африка првично го осуди на пет години затвор во 2014 година за убиство од небрежност, но Врховниот апелациски суд го прогласи за виновен за убиство на крајот на 2015 година по жалбата на обвинителите.
Тој беше осуден на шест години затвор во 2016 година по одлука на Високиот суд, помалку од половина од минималната казна од 15 години што ја бараа обвинителите. Во 2017 година Врховниот суд ја удвои неговата казна за убиство на 13 години и пет месеци велејќи дека шестгодишната затворска казна е шокантно блага.
Текстот Оскар Писториус ослободен од затвор е превземен од МАКФАКС.