Осудени на смрт 10 членови на Муслиманско братство во Египет

пред 2 години

Египетскиот суд осуди на смрт 10 членови на забранетата група Муслиманско братство поради планирање напад врз полицијата, објави денеска египетската државна новинска агенција МЕНА.

Десет од нив беа прогласени за виновни за формирање на вооружена група во случајот познат како „Хелван бригада“, објави Ројтерс.

Движењето Муслиманско братство е основано во 1928 година, а по воениот удар во Египет во јули 2013 година, беше забрането и повеќето негови водачи беа уапсени.

Share
Scroll to Top