Романија го откри првиот случај на опасен вид што е доминантен во Индија, соопшти денеска Министерството за здравство.
Индискиот вид бил дијагностициран кај помлад пациент (26), кој пристигнал во Романија пред еден месец и имал поблаги симптоми, пренесува „Ројтерс“.
Министерството соопшти дека Романскиот институт за јавно здравје верува дека откриениот мутиран тип на Ковид-19 не е многу заразен, иако се верува дека предизвикал голем број на новозаболени во Индија.
Министерството исто така го следи кластерот на коронавирус кај градежните работници кои неодамна пристигнаа од Индија во областа Брашов.
Во Романија 1.850 лица се разболеле со коронавирус денес, што значи дека вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата на вирусот надмина 1,05 милион, додека починале 27.971 пациент.