Отров за стаорци во храната за бебиња пронајден во неколку земји

Отров за стаорци во храната за бебиња пронајден во неколку земји

пред 7 часа

Германскиот производител на детска храна HiPP започна итно повлекување на производи откако во тегла купена во Австрија бил пронајден отров за стаорци. Компанијата се сомнева на намерно труење, а слични случаи се пријавени и во Чешка и Словачка, каде медиумите споменуваат и можни уцени.

Австриската полиција потврди дека примерок од детска храна со вкус на морков и компир бил позитивен на отров. Компанијата предупреди дека консумирањето на вакви производи може да биде опасно по живот. Спорните тегли имале оштетени капачиња, недостигал заштитен печат или имале необичен мирис.

Слични случаи се регистрирани и во Чешка и Словачка, каде лабораториските тестови исто така покажале присуство на токсична супстанца. Се сомнева дека станува збор за обид за уцена, при што непознат сторител се заканувал со труење на производи доколку не добие пари.

Компанијата соопшти дека веднаш ја известила полицијата и започнала повлекување на производите, но дека и покрај мерките, во продажба биле пронајдени контаминирани пакувања. Истрагата се води како тешко кривично дело уцена.

Потрошувачите се повикуваат да не ги консумираат спорните производи и да обрнат внимание на оштетувања на пакувањето или необичен мирис. Воедно се советува, при сомнеж, да се контактираат надлежните служби.

Текстот Отров за стаорци во храната за бебиња пронајден во неколку земји е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top