Пакистан избра нов премиер

пред 3 години

Пакистанскиот парламент денеска го избра опозицискиот пратеник Шахбаз Шариф за нов премиер на земјата.

Според АП, Шариф е брат на поранешниот премиер Наваз Шариф и бил единствениот кандидат за таа функција.

Шариф беше избран со 174 гласа откако повеќе од 100 пратеници од партијата на поранешниот премиер Имран Канова го организираа своето напуштање на Националното собрание во знак на протест.

Долниот дом на пакистанскиот парламент во саботата му изгласа недоверба на премиерот Имран Кан.

Опозициските партии обезбедија 174 гласа во Долниот дом, кој има 342 пратеници, што им дава мнозинство за смена на Кан, пренесува „Ројтерс“.

Новиот премиер ќе може да остане на власт до октомври 2023 година, кога треба да се одржат нови избори.

Меѓутоа, доколку следбениците на Кан излезат на улица, како што најави, тоа ќе создаде дополнителен притисок врз парламентот и ќе ја продлабочи кризата во земјата.

Share
Scroll to Top