Пандемијата се враќа на голема врата во Европа – бројот на заразени расте низ целиот континент

пред 2 години

Војната во Украина за извесно време ја „укина“ короната, бидејќи светските медиуми го насочија вниманието во друга насока, но пандемијата се враќа во сферите на интерес на голема врата.

Во Западна Европа се создава нов бран, а главен виновник е омикронската подваријанта БА.2. Веќе се појавува нова форма на BA.3. Во Франција има и до 150.000 заразени дневно, што е зголемување за 42% за само една недела.

Скока бројот на заразени и во Велика Британија, Холандија, Австрија, Италија. Во последниве денови во Германија секојдневно има над 300.000 заразени лица. Аларм се огласи и во Азија. Хонг Конг повеќе не може да ја спроведе стратегијата „нулта ковид“, а во последно време се регистрирани повеќе од 200 смртни случаи дневно. Од вчера во Шангај повторно е воведен карантин по сектори.

Се посочува дека БА.2 е за 30 проценти позаразна од претходната варијанта, но нема сигурни податоци дека може да биде поопасен.

Повеќето западноевропски земји целосно ги укинаа мерките. Во Франција, покрај укинувањето на пропусницата за вакцинација, носењето маска во затворени простории е укинато од средината на март, и покрај предупредувањата дека тоа може да доведе до нагло зголемување на бројот на нови пациенти.

Светската здравствена организација ги критикуваше земјите кои предвреме се опуштија.

Француските власти се потпираат на проценките на Институтот Пастер дека зголемувањето би можело да трае само до крајот на овој месец, кога повторно се очекува значително намалување, но тоа не е така.

Австрија е првата западноевропска земја која ги повлече сопирачките и ги врати маските од типот FFP2 во затворени простори. Во оваа земја задолжителна е и карта за вакцинација. Маските се задолжителни во затворени простории и во Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Полска, Хрватска .

Share
Scroll to Top