Паника во близина на српско-унгарската граница, побегнал црн пантер

пред 3 години

Полицијата во Унгарија интензивно трага по опасно животно во областа Кишкунхалаша, град недалеку од границата со Србија.

Според медиумите тоа место е на само 40 километри од Суботица.

Се трага по животно кое било во заробеништво, а се претпоставува дека се работи за црн пантер, соопшти полицијата.

Потрагата започна откако се појави снимка од опасна дива мачка, која се покажа дека е автентична. Експертите појаснија дека ова опасно животно сака да се храни со мачки, кучиња и ситен добиток, дека лесно се крие и може да биде непредвидлив.

Share
Scroll to Top