Паника во Бундестагот – Двајца пратеници позитивни на омикрон

пред 3 години

Според соопштението на Бундестагот, на конститутивната седница на Комисијата за одбрана присуствувале двајца пратеници кои биле заразени со Ковид-19, како што се дознава, омикрон сој.

Секретаријатот на Комисијата за одбрана испрати писмо до пратениците во кое ги информира дека на седницата минатата среда присуствувале двајца пратеници кои тогаш биле заразени со омикрон.

Поради тоа, апликацијата за предупредување Ковид-19 издаде црвено предупредување до голем број пратеници.

Инаку, пратениците кои присуствуваат на седниците на собраниските комисии мора да носат маски, но најчесто ги симнуваат при обраќањето.

Share
Scroll to Top