Папата Франциско денеска изјави дека заканата од војна во Украина му предизвикала голема болка во срцето и ги повика политичарите сериозно да ја преиспитаат својата совест пред Бога.
Во обраќањето на крајот од општата аудиенција, папата Франциско ги повика лидерите да се воздржат од какви било потези кои би предизвикале дополнително страдање на народот, пренесува Ројтерс.
Украина денеска почна да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст од 18 до 60 години по наредба на претседателот Володимир Зеленски, откако рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на самопрогласените републики Доњецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во област.