Папата за првпат поддржа геј бракови: Тие се Божји деца и имаат право на семејство

пред 4 години

Папата Франциско во документарц кој денеска беше премиерно прикажан изјави дека геј луѓето треба да можат да го легализираат своето партнерство, пренесува „Ројтерс“. Тоа е една од неговите најдиректни изјави за поддршка на хомосексуалците.

„Хомосексуалците имаат право да бидат семејство. Тие се Божји деца и имаат право на семејство“, рече папата во изјавата.

„Неопходно е да се донесе закон за граѓански брак. На тој начин, тие ќе бидат законски опфатени. Јас се залагам за тоа“, додаде папата, со тоа поддржувајќи го животното партнерство на хомосексуалците, што е досега невидена позиција во рамките на Католичката црква.

Папата Франциско овие ставови ги претстави во документарниот филм „Франческо“, што беше прикажан денеска на Филмскиот фестивал во Рим и се занимава со ликот и делото на сегашниот папа.

Авторката на филмот, Евгени Афинеевски, вели дека папата ја изразил својата поддршка за ЛГБТ-правата за време на интервју направено за потребите на документарниот филм.

Неговата директна поддршка за геј заедницата претставува израз на сосема поинакво гледиште од неговите претходници, но е и значајна променана во неговите претходни лични ставови.

Share
Scroll to Top