Папата Лав: Иднината на човештвото е во опасност „трагично да биде загрозена“

Папата Лав: Иднината на човештвото е во опасност „трагично да биде загрозена“

пред 2 часа

Папата Лав денес предупреди дека иднината на човештвото е во опасност да биде „трагично загрозена“ од тековните војни и распаѓањето на меѓународното право, во говор за време на турнејата низ четири земји во Африка.

Папата, кој го предизвика гневот на американскиот претседател Доналд Трамп откако стана поотворен во своите критики во последните недели, исто така ја осуди „колонизацијата“ на нафтените и минералните ресурси на Земјата, за која рече дека поттикнува крвави конфликти.

„Судбината на човештвото е во опасност трагично да биде загрозена без промена на насоката и политичката одговорност и без почитување на институциите и меѓународните договори“, рече папата.

„Бог не смее да се повикува за да се оправдаат изборите што носат смрт“
„Неговото свето име не смее да се осквернува од волјата за доминација, ароганцијата или дискриминацијата. Пред сè, никогаш не смее да се повикува за да се оправдаат изборите и дејствијата што носат смрт“, рече тој.

Тој вчера на настан во Ангола предупреди дека многу луѓе во светот се „експлоатирани од авторитарни владетели и измамени од богатите“. Коментарите на Лео во кои се осудува употребата на религијата за оправдување на насилството се одраз на неговите изјави од март, кога рече дека Бог ги отфрла молитвите на лидерите чии „раце се полни со крв“.

Конзервативните католички коментатори ги протолкуваа забелешките како насочени против американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој користи христијанска реторика за да оправда војна против Иран. Лав се појави во последните недели како сè погласен критичар на таа војна, објави Ројтерс.

Текстот Папата Лав: Иднината на човештвото е во опасност „трагично да биде загрозена“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top