Папата планира да се сретне со ајатолахот Али ал-Систани

пред 4 години

Папата Франциск е подготвен за историски состанок со највисокиот ирачки шиитски муслимански свештеник, ајаталахот Али ал-Систани, за време на патувањето во Ирак, кое е планирано за март, потврди денеска патријархот на ирачката Калдејска црква.

На планираната средба со 90-годишниот ајатолах Али ал-Систани, папата ќе има за свој соговорник една од најважните фигури на шиитскиот ислам, како во Ирак, така и пошироко, која има огромно влијание врз политиката и јавното мислење, пишува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top