Папата Франциско е сериозно болен, не им се обрати на верниците на плоштадот Свети Петар

Папата Франциско е сериозно болен, не им се обрати на верниците на плоштадот Свети Петар

пред 2 години

Папата Франциско има пневмонија и денеска не се појави на плоштадот Свети Петар, но овонеделната порака до верниците ја прочита неговиот заменик.

Папата, кој кашлаше и имаше преврзана рака, за тоа време беше во капелата на неговата резиденција, а неговото обраќање до верниците беше емитувано на плоштадот Св. Петар преку голем видео бим.

– Денеска не можам да погледнам од прозорецот затоа што го имам овој проблем со пневмонија, а размислувањата ќе ги чита монсињор Браида, кој добро ги познава затоа што и онака ги пишува – рече папата Фрањо, кој им се заблагодари на насобраните за присуството.

Ватикан вчера објави дека папата Франциско направил томографија во римската болница Гемели, откако развил симптоми слични на грип.

Текстот Папата Франциско е сериозно болен, не им се обрати на верниците на плоштадот Свети Петар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top