Папата Франциско со порака: Смртта и уништувањето мора да престанат, замолчете ги пушките

Папата Франциско со порака: Смртта и уништувањето мора да престанат, замолчете ги пушките

пред 9 месеци

Папата Франциско денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне со дијалог.

Во своето традиционално обраќање од централниот балкон на базиликата Свети Петар во Рим, папата Франциско им се обрати на верниците собрани на истоимениот плоштад, повикувајќи на храброст да се отворат вратите за преговори за да се стави крај на војната во Украина, пренесува Ројтерс.

Нека се замолчи звукот на оружјето во раузрнатата од војната Украина, рече Папата, повикувајќи на „гестови на дијалог и средба за да се постигне праведен и траен мир“.

Папата осврнувајќи се на конфликтот во Газа, повторно апелираше за прекин на огнот и ослободување на заложниците, нарекувајќи ја израелската воена кампања „сурова“. Тој ја опиша хуманитарната ситуација во Газа како „исклучително тешка“ и повика на отворање на дијалог за доброто на мирот.

Текстот Папата Франциско со порака: Смртта и уништувањето мора да престанат, замолчете ги пушките е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top