Папата Франциск ги осуди нападите во Норвешка, Авганистан и Британија

пред 3 години

Папата Францис денеска ги осуди неодамнешните напади извршени во Норвешка, Авганистан и Британија.

„ Минатата недела беа извршени разни напади, на пример, во Норвешка, Авганистан и Англија, во кои многу луѓе загинаа и беа ранети“, рече папата за време на своето неделно обраќање на плоштадот Свети Петар, пренесе „Ројтерс“.

„ Ја изразувам својата блискост со семејствата на жртвите и се молам, да го напуштам патот на насилство, кој е секогаш загуба, пораз за секого. Се сеќаваме дека насилството раѓа насилство”, рече тој.

Најмалку 41 лице загина, а 70 беа повредени во петокот во самоубиствен напад во џамија во Кандахар, Авганистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Во Норвешка, еден човек уби пет луѓе со лак и стрела и друго оружје за време на получасовното дивјаштво.

Дејвид Ејмс (69), пратеник од Британската конзервативна партија, беше избоден до смрт во петокот за време на состанокот со гласачите, во методистичката црква во Ли-он-Си, град лоциран на околу 62 километри источно од Лондон.

Британец со сомалиско потекло беше уапсен под сомнение за убиството.

Полицијата убиството на британскиот пратеник го опиша како терористички напад.

Share
Scroll to Top