Папата ја откажа средбата со рускиот патријарх

пред 2 години

Плановите за средба меѓу папата Франциско и рускиот патријарх Кирил во јуни во Ерусалим се прекинати, изјави Папата за аргентински весник.

Ројтерс претходно објави дека Ватикан размислува да ја продолжи посетата на Папата на Либан на 12 и 13 јуни за еден ден, за да може да се сретне со патријархот Кирил во Ерусалим на 14 јуни.

Во интервју за „La Nacion“, папата изјавил дека му е жал што планот мора да биде „суспендиран“, бидејќи дипломатите на Ватикан советувале дека таквата средба може да предизвика многу нејаснотии во моментот.

Ова требаше да биде втора средба, а за прв пат се сретнаа на Куба во 2016 година. Тоа беше прва средба меѓу папата и водачот на Руската православна црква по расколот меѓу Источната и Западната црква во 1054 година.

Според медиумите во светот, патријархот Кирил (75) отворено ја поддржа руската инвазија на Украина, со што го подели православниот свет и предизвика внатрешен бунт кој не се памети.

Анализираат дека папата Франциско (85) во неколку наврати индиректно ги критикуваше Русија и претседателот Владимир Путин за војната, нарекувајќи ја неоправдана агресија и инвазија и изразувајќи жалење за насилството врз жртвите.

Според написите Путин тврди дека спроведува „специјална воена операција“ во Украина со цел да ја „демилитаризира“ и „денационализира“ земјата.

Share
Scroll to Top