Француските власти размислуваат за тринеделно затворање на Париз со цел да се потисне ширењето на коронавирусот.
Првиот заменик-градоначалник на Париз, Емануел Грегоар, објави дека до француската влада ќе достави план со кој се пропишува превентивно тринеделно затворање на главниот град, со цел подоцна да се создадат услови за повторно отворање на сите места, вклучително и барови, ресторани и театри.
Како и во остатокот од земјата, во Париз е во сила ноќен полициски час од 15 декември, а рестораните и културните институции, како и на други места во Франција, се затворени со недели за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Францускиот премиер Жан Кастекс претходно изјави дека владата ќе воведе мерки, вклучително и затворање за време на викендот во Париз и уште 19 други региони од почетокот на март, доколку епидемијата со коронавирусот продолжи да се шири.