Париз: Турција е воено вклучена во војната во Нагорно-Карабах

пред 4 години

Француските власти објавија дека Турција, на страната на Азербејџан, е воено вклучена во војната во Нагорно-Карабах.

„Новост е дека има воено распоредување на Турција и тоа може да поттикне интернационализација на конфликтот“, рече шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан.

Азербејџанските и ерменските сили војуваат во Нагорно-Карабах од крајот на септември.

Ле Дријан изрази жалење за „големиот број цивилни жртви“ и повторно повика на итен прекин на огнот и почеток на преговори под покровителство на групата за медијација составена од Франција, Русија и САД.

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, исто така изјави дека Европската унија стравува од интернационализација на конфликтот во регионот Нагорно-Карабах со вклучување на Турција и Русија во таа војна.

„Не може да се исклучи влегувањето на регионалните актери во конфликтот. Треба да се спречи мешање на странство“, рече Борел во обраќањето пред Европскиот парламент во Брисел, споменувајќи ги Русија и Турција.

Тој истакна дека позицијата на ЕУ е јасна, а тоа е дека „борбите мора да престанат“.

Share
Scroll to Top