„Пасатот“ го паркирал во море: капачите во Неум изненадени од несекојдневна сцена

„Пасатот“ го паркирал во море: капачите во Неум изненадени од несекојдневна сцена

пред 2 години

Арогантното паркирање по улиците на градовите во БиХ веќе е секојдневие, но не се гледа често некој да паркира автомобил во морето, пишуваат тамошните медиуми.

Според написите, токму таква неверојатна слика ги изненадила неколкуте капачи на плажата во Неум, кои гледале како „Пасат“ буквално влегува во морето.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, возачот го паркирал автомобилот во морето за да го извади скутерот на вода од приколката.

Фотографиите од автомобилот според медиумите, брзо се рашириле на Интернет, а корисниците на социјалните мрежи коментираат дека никогаш не виделе нешто слично.

Текстот „Пасатот“ го паркирал во море: капачите во Неум изненадени од несекојдневна сцена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top