Владата на САД ќе побара од сите патници кои доаѓаат од Велика Британија да покажат негативен ПЦР-тест во претходните два часа, од моментот кога се качиле на авионот, поради загриженост за новиот многу заразен вид на Ковид-19.
Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денес објавија дека патниците од Велика Британија мора да бидат негативни ако сакаат да влезат во САД, објави „Ројтерс“.
Одлуката е пресврт, откако администрацијата на Трамп им соопшти на авиокомпаниите дека нема да бара дополнителни тестови за патниците од Велика Британија.