Патувањето на Карл Нехамер во Москва предизвика несогласувања во австриската коалиција

пред 3 години

Патувањето на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин предизвика критики од коалициските партнери – Партијата на зелените.

Зелените не биле консултирани за посетата на Нехамер на Москва и дознале за тоа од медиумите.

Пратеничката на Зелените Ева Ернст Џиџиќ ја критикуваше посетата на Нехамер.

„Не ја поддржувам таа посета“, рече таа.

Лидерот на Зелените и вицеканцелар Вернер Коглер беше поумерен и на својот коалициски партнер му порача дека се надева оти посетата е усогласена со ЕУ.

Исто така, речиси сите опозициски партии во Австрија беа против посетата на Нехамер на Москва, со образложение дека не треба да му даваат платформа на Путин да ги искаже своите ставови.

Само Партијата на слободата (ФПО) ја поддржа иницијативата на канцеларот.

Share
Scroll to Top