Пашинјан: Поединци сакаат да предизвикаат хаос во Ерменија

пред 3 години

Ерменскиот премиер Никола Пашинјан изјави дека во земјата има одредени сили кои имаат намера да предизвикаат хаос на улиците.

„Овие сили сакаат да покажат дека наводно нема лостови на моќ во Ерменија. Тие сакаат да предизвикаат хаос во земјата, за да се вратат на власт. Сепак, нема да дозволиме тоа да се случи. Ние не се држиме грчевито до моќта, сепак, луѓето не сакаат тие да се вратат, рече Пашинјан.

Ерменија е на удар од опозицијата, која протестира од 10 ноември поради потпишувањето на договорот со Азербејџан и бара Пашинјан да си замине, затоа што им го предаде Нагорно-Карабах на Азербејџанците, пренесува ТАСС.

Share
Scroll to Top