Пекинг го повикува Вашингтон да биде претпазлив во своите изјави за Тајван

пред 3 години

Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија, Кина ќе преземе решителни мерки за заштита на својот суверенитет и безбедносни интереси и ги повикува Соединетите Држави да бидат внимателни во своите изјави и постапки кога станува збор за Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван, Ванг рече дека Пекинг ја повика американската страна искрено да се придржува до принципите на Кина, пренесува РИА Новости.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин рече дека Кина ги повика Соединетите држави да ја задржат својата посветеност да не ја поддржуваат независноста на Тајван, да бидат внимателни во своите зборови и постапки кога е во прашање Тајван.

Share
Scroll to Top