Пентагон го отстрани од ѕид портретот на генералот Марк Мили

Пентагон го отстрани од ѕид портретот на генералот Марк Мили

пред 1 година

Пентагон го отстрани портретот на Марк Мили, пензиониран генерал и поранешен претседател на Здружениот Генералштаб, потврдија за Ројтерс двајца очевидци. Овој потег дојде два часа по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

Пентагон веднаш не одговори на прашањето зошто портретот е отстранет неколку дена по неговото откривање. Трамп и претходно го критикуваше Мили. Тој еднаш рече дека Мили „бавно се движи и размислува“ и го нарече „морон“, се сеќава Ројтерс.

Неколку часа пред инаугурацијата, поранешниот претседател Џо Бајден издаде превентивно помилување за Мили и неколку избрани функционери и државни службеници, како и членовите на неговото семејство, барајќи да ги заштити од можна одмазда на Доналд Трамп.

Текстот Пентагон го отстрани од ѕид портретот на генералот Марк Мили е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top