Пентагон: Имаме индиции кои ја потврдуваат приказната дека Путин регрутира странски борци за војната во Украина

пред 3 години

Пентагон верува дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да регрутира странски борци за војната против Украина, изјави портпаролот Џон Кирби за Си-Ен-Ен.

– Имаме индиции кои ја потврдуваат оваа приказна дека тие всушност се обидуваат да ангажираат и регрутираат странски борци. Сметаме дека Путин мисли дека ова е неопходно затоа што е запрено неговото напредување на северот на Украина со 150.000 војници – додаде Кирби, осврнувајќи се на приказната за регрутирањето на Сиријците, која ја објави Волстрит журнал.

Share
Scroll to Top