Пентагон: На ​​нашите сили во Ирак беше истрелан проектил, возвративме со воздушен напад

Пентагон: На ​​нашите сили во Ирак беше истрелан проектил, возвративме со воздушен напад

пред 5 месеци

Американската војска вчера изврши напади врз два објекти во Ирак, соопштија американски воени извори.

„Силите на Централната команда на САД извршија дискретни, прецизни напади врз два објекти во Ирак“, се вели во соопштението на американската војска.

„Нападите беа директен одговор на нападите врз американските и коалициските сили од страна на Иран и групите поддржани од Иран“, се додава во соопштението.

Пентагон соопшти дека најмалку еден член на милицијата поддржана од Иран во Ирак е убиен во напад на американски воен авион.

Американците тврдат дека милицијата истрелала балистичка ракета со краток дострел кон американскиот и сојузничкиот персонал во земјата. Ова е првпат Соединетите Американски Држави да потврдат напад врз иранските посреднички сили во Ирак, откако трипати во последните недели ги нападнаа локациите поврзани со Техеран во Сирија, како одговор на зголемениот број напади врз американскиот персонал.

Текстот Пентагон: На ​​нашите сили во Ирак беше истрелан проектил, возвративме со воздушен напад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top