Пентагон објави биланс од војната со Иран: седум загинати и околу 140 ранети американски војници

Пентагон објави биланс од војната со Иран: седум загинати и околу 140 ранети американски војници

пред 1 час

Околу 140 американски војници се ранети во текот на десетдневните судири со Иран, соопшти Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека повеќето повреди се од полесна природа и дека 108 војници веќе се вратиле на должност.

Тој додаде дека во моментот осум американски војници се тешко повредени.

Според американските власти, повредите се последица на повеќе ирански ракетни и напади со беспилотни летала изведени како одговор на конфликтот со САД.

Во тие напади загинале и седум американски војници распоредени во Кувајт и Саудиска Арабија.

Фото: Depositphotos

Текстот Пентагон објави биланс од војната со Иран: седум загинати и околу 140 ранети американски војници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top