Перуанска министерка поднесе оставка бидејќи се вакцинирала преку ред

пред 3 години

Перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка во неделата, откако призна дека е вакцинирана против коронавирусот на 22 јануари, пред да започне националната програма за имунизација.

Претседателот Франциско Сагасти изјавил дека е огорчен и лут поради тој настан, пренесува „Ројтерс“.

Астете е втор член на владата што поднесе оставка, откако истото го стори и министерката за здравство, Пилар Мацети.

Мацети поднесе оставка откако беше откриено дека поранешниот претседател Мартин Викара, кој беше сменет поради обвиненија за корупција, ја прими вакцината против коронавирус.

Перу е сериозно погоден од пандемијата на коронавирусот, а здравствениот систем на земјата е преоптоварен.

 

 

Share
Scroll to Top