Откако рускиот претседател Владимир Путин упати остро предупредување до руските „предавници“ за кои рече дека Западот сака да ги искористи како „петта колона“ за да ја уништи земјата, се огласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Во вакви тешки времиња многу луѓе го покажуваат своето вистинско лице. Многу луѓе се покажуваат, како што велиме на руски, како предавници. Тие самите исчезнуваат од општеството. Некои ги напуштаат позициите, некои го напуштаат активниот работен век, некои ја напуштаат земјата и се преселуваат во други земји. Така се случува ова чистење – рече Песков.
Тој се осврна на коментарот на Путин дека Русија ќе претрпи природно и неопходно „самочистење“ бидејќи луѓето ќе можат „да ги разликуваат вистинските патриоти од ѓубрињата и предавниците“.