Песков: Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток е закана и за Русија

пред 4 години

Палестинско-израелскиот конфликт претставува закана за Русија доколку се развива неконтролирано, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој го изјави тоа на новинарите, коментирајќи ја забелешката на рускиот претседател дека овој конфликт се одвива во непосредна близина на руските граници, пренесува ТАСС.

„Блискоисточниот регион не е на друг континент, тој е соседен регион, тоа е она што се подразбираше под непосредна близина. Овој конфликт меѓу Палестина и Израел навистина претставува закана во случај на негова неконтролирана ескалација и развој”, додаде Песков.

Share
Scroll to Top