Песков за испраќањето американски војници во Европа: Причина за загриженост

пред 2 години

Распоредувањето на американски војници во Европа е доказ дека Русија има причина за загриженост, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„САД де-факто продолжуваат да ги зголемуваат тензиите во Европа“, рече Песков.

Тој оцени дека распоредувањето војници е најдобар доказ дека Русија има очигледна причина за загриженост.

Пентагон претходно објави дека 2.000 американски војници ќе бидат испратени од Северна Каролина во Полска и Германија, а уште 1.000 војници, кои веќе се во Германија, ќе бидат префрлени во Романија.

Share
Scroll to Top