Песков: Не треба да се споредуваат протестите во Русија и Белорусија

пред 4 години

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека не треба да се повлекуваат паралели меѓу протестите во Русија и Белорусија, бидејќи, како што нагласи, ситуацијата во двете земји се разликува и затоа што причините за протестите се различни.

„ Не би повлекувал паралели. Навистина, има некои слични траги, мислам на провокаторите. Тие постојат. Но во истовреме, ние сме различни земји. Имаме различни ситуации, причини, така што не би правел споредби“ рекол Песков на прес-конференција, пренесе ТАСС.

Share
Scroll to Top