Песков: Путин е рамнодушен поради санкциите насочени кон него

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин е рамнодушен кон санкциите воведени против него, бидејќи тој нема имот во странство, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„ Тој е прилично рамнодушен“, рече Песков на прашањето како Путин лично ги доживува западните санкции против него, додавајќи дека претседателот на Русија годишно го објавува својот имот, пренесе ТАС С.

Песков додаде дека Европската унија има непријателски однос кон Русија и презема непријателски мерки.

„ Европската унија е здружение кое презема, да ги наречеме работите со вистинско име, непријателски мерки против нас“, додаде Песков.

Share
Scroll to Top