Москва сè уште не е запознаена со официјалната реакција на Вашингтон на иницијативата на Русија за префрлање на една милијарда долари од средствата замрзнати во САД на Одборот за мир, но тоа секако отвора нови хоризонти за соработка со САД, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Досега не сме слушнале никаква јавна реакција на ова“, рече Песков, пренесува Спутник.
Во исто време, тој рече дека Кремљ забележал дека американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекол интересна идеја.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да испрати една милијарда долари од замрзнатите средства на Одборот за мир, кој беше формиран на иницијатива на Доналд Трамп, со цел обнова на Појасот Газа и решавање на палестинскиот проблем, пренесува Танјуг.
Текстот Песков: Русија го иницираше предавањето на замрзнатите средства на Одборот за мир е превземен од МАКФАКС.






