Идејата за соработка меѓу Украина и САД на полето на експлоатација на ретките метали претставува обезбедување воена помош на комерцијална основа, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Ова е предлог Украина да купи американска помош, односно повеќе да не ја добива бесплатно или на некој друг начин, туку на комерцијална основа“, рече Песков додавајќи дека е подобро да не се дава никаква помош на Киев и на тој начин да се придонесе за ставање крај на конфликтот“, се вели во извештајот на агенцијата „Интерфакс“.
Повикувајќи се на неименувани извори, „Њујорк тајмс“ и „Фајненшл тајмс“ претходно објавија дека Украина е подготвена да соработува со САД на полето на експлоатација на ретки метали во замена за долгорочни гаранции дека овие ресурси нема да стигнат до Русија.
Текстот Песков: Соработката меѓу САД и Украина во експлоатација на ретки метали е воена помош за Киев е превземен од МАКФАКС.