Песков: Трагата на истрагата за саботажата на „Северен тек“ води во Украина

Песков: Трагата на истрагата за саботажата на „Северен тек“ води во Украина

пред 1 година

Трагата на истрагата за саботажата на гасоводите „Северен тек“ води до Украина и се почесто се појавува во различни извештаи, истраги и публикации во медиумите, изјави денеска портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков. Во саботата „Вашингтон пост“ го именуваше 48-годишниот украински полковник Червински за „координатор“ на нападот на гасоводите „Северен тек“, пренесува РИА Новости.

Повикувајќи се на свои извори, американскиот дневен весник наведува дека полковникот Червински не дејствувал сам и дека не учествувал во планирањето на операцијата, како и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил држен настрана од оваа операција, а Червински добивал наредби од други, високи украински функционери. Украинскиот полковник на крајот поднел извештај до врховниот командант на Украина, генерал Валериј Залужни, тврди американскиот дневен весник.

„Ако режимот во Киев веќе нема контрола врз ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и исто така треба да се земе предвид“, рече Песков.

Портпаролот на украинската војска изјави за Ројтерс во неделата дека „нема знаење“ за тврдењата.

Нагло опаѓање на притисокот на цевководите под Балтичкото Море беше регистрирано на 26 септември, а сеизмолозите детектираа експлозии, кои предизвикаа бран шпекулации за тоа кој го саботирал гасоводот со кој рускиот гас се испорачува во Германија.

Некои американски и европски функционери првично тврдеа без докази дека Русија ги кренала во воздух сопствените гасоводи, но рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тие обвинувања како „идиотски“, пренесува Танјуг.

Текстот Песков: Трагата на истрагата за саботажата на „Северен тек“ води во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top