Песков: Чешка одбива да ги разгледа документите за „спутник В“ поради дипломатски скандал

пред 3 години

Одбивањето на чешкиот регулатор за лекови да ги разгледа документите за руската вакцина против Ковид-19, „спутник В“ е поврзано со дипломатскиот скандал, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Најверојатно ова може и дури би требало да е поврзано со дипломатскиот скандал. Како што гледате, таквата одлука донесена поради провокативни чувства барем не е во интерес на Чесите. Сепак, зборуваме за глобална вакцина која е најефикасна според општото признание“, рече Песков.

Претходно, чешкиот регулатор на лекови објави одлука за запирање на проверката на руската вакцина поради недостиг од документи доставени од производителот.

Share
Scroll to Top