Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

пред 2 години

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана, во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков.

Тој ја повика Русија да се вклучи во дијалог со Западот за намалување на тензиите.

Петков ја даде изјавата во бугарскиот парламент, реагирајќи на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека безбедносните гаранции што Русија ги бара од Западот во однос на повлекувањето на странските војници, оружје и опрема важат и за Бугарија и Романија како две земји кои не биле членки на НАТО во 1997 година.

„ Бугарија е суверена држава, која одамна избра да стане членка на НАТО. Како таква, решивме да ја организираме одбраната на нашата земја во координација со нашите партнери“, рече Петков.

Москва бараше правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе престане да се шири на исток и ќе се врати на границите од 1979 година.

На прашањето што значи тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија сака целата странска опрема и војници да се повлечат од тие земји.

Share
Scroll to Top