Петков: Не сум потпишал никаков документ за Северна Македонија

пред 2 години

Секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Северна Македонија. Нема документ што сум го потпишал од бугарска страна, коментира премиерот Кирил Петков.

Неговата реакција следи откако вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека постои документ што е прифатлив за нас, но се чека одговор од властите во Софија.

Петков кој утре ќе допатува во Битола на отворањето на новиот клуб на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ изјави дека задача на бугарската влада е да ја поддржи бугарската заедница во Македонија.

„Мило ми е што можам да кажам дека верувам оти во моментов и владата на Северна Македонија е свесна за тоа каков голем приоритет е ова за Бугарија и за нас. Заеднички работиме на подигање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество. Фактот што утре ќе бидеме толку многу луѓе од толку различни партии таму, покажува поддршка за бугарската заедница“, рече Петков.

Тој заклучи дека Северна Македонија треба да биде дел од Европа. Ја изрази потребата од раздвиженост и од двете страни на границата, прогресивно во таа насока.

Share
Scroll to Top