Петков: Солидарни сме со санкциите кон Русија и го подготвуваме енергетскиот систем за планот „Б“

пред 2 години

Бугарскиот премиер, Кирил Петков ги коментираше тензиите меѓу Русија и Украина, најавените европски санкции, можната закана за енергетските извори и позицијата на Бугарија.

Тој рече Бугарија е партнер во ЕУ и НАТО, а силата на овие сојузи е да се зборува во еден глас.

„Ние веруваме во интегритетот на Украина, веруваме дека ако Русија влезе на туѓа територија со тенкови, тоа е кршење на меѓународното право“, рече Кирил Петков и додаде: солидарни сме со санкциите и во исто време го подготвуваме нашиот систем за План Б за да не останеме без извори на енергија.

Нагласи дека за Бугарија најважен е бугарскиот интерес, но работи заедно со партнерите од ЕУ.

Според него, гасоводот што ја храни Бугарија ги храни и Србија и Унгарија – тоа се стратешките партнери на Русија, така што шансата да се постигне ова сценарио е мала.

 

 

 

Share
Scroll to Top