Најмалку петМИНА работници загинаа, а двајца се повредени во пожар што избувна по експлозија во фабрика за текила во град во мексиканската држава Халиско, соопштија денеска локалните власти.
Државната агенција за цивилна заштита на платформата Х соопшти дека во синоќешната експлозија загинале пет лица, а две се повредени, од кои едното е во тешка состојба.
Сите загинати и повредени работеле во фабриката, соопшти агенцијата.
Текстот Петмина работници загинаа, двајца повредени во пожар во фабрика за текила во Мексико е превземен од МАКФАКС.